Осака сè уште прва, Халеп пропушти голема шанса да го грабне лидерското место

Благодарение на вчерашната победа на Кики Бертенс во финалето на Мастерсот во Мадрид, младата тениска ѕвезда Наоми Осака и оваа седмица ќе го чува првото место на ВТА ранг-листата. 

Холанѓанката својот фантастичен настап во Мадрид го круниса со моќен триумф над фаворитката Симона Халеп, со што Романката не успеа да си собере потребните бодови за да се врати на врвот и остана на втората позиција на ВТА со само 239 бода заостанување зад Осака. На третото место е Анџелик Кербер, а Бертенс скокна за три места и сега е четврта. 

На петтата позција падна искусната Петра Квитова, шеста е Елина Свотилиа, а најдобрата десетка ја затвораат Плишкова, Стивенс, Берти и Сабаленка.

Следен предизвик за дамите е Мастерсот во Рим, кој започнува попладнево на теренит  на „Форо Италико“.