Осака и Тием без проблеми до четвртото коло во Индијан Велс

Осака Тием

Австриецот Доминик Тием немаше проблеми и со два брзи сета обезбеди пласман во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс.

Тој стигна до сигурни 6-3, 6-1 против искусниот Жил Симон и закажа дуел со уште еден ветеран во „белиот“ спорт, Хрватот Иво Карловиќ.

Во текот на вечерта на терените излезе и шампионката од Австралија Опен, Наоми Осака. 21-годишната Јапонка ја совлада Даниел Роуз Колинс од САД со 6-4, 6-2 за нешто повеќе од еден час игра. 

Првата фаворитка за трофејот во следното коло ќе игра против Белинда Бенчиќ, која беше подобра од Екатерина Александрова од Русија.

Во машка конкуренција триумф запиша уште и Јошинито Нишиока во дуелот со Феликс Аугер-Алиасиме.