Осака го откажа турнирот во Доха заради болки во грбот

Најдобрата светска тенисерка според ВТА листата, Јапонката Наоми Осака поради повреда на грбот нема да настапи на турнирот во Доха, кој почнува следната седмица.

Осака и минатата година го пропушти турнирот во Хонг Конг заради истите причини.

Победничката на Австралија Опен е водечка на ВТА листата и откажувањето на овој турнир нема серизно да влијае на нејзиниот пласман во иднина. 

Анжелик Кербер ќе биде прва носителка на турнирот по откажувањето на Јапонката.