Организаторите на АО преговараат за избегнување карантин за учесниците на турнирот

АО

Строгите протоколи во Австралија засега не дозволуваат влез на странски државјани во земјата, без да заминат во задолжителен карантин.

Тоа би бил проблем при организацијата на Австралија опен наредната година. Директорот на турнирот Крег Тајли преговара со надлежните органи и бара дозвола да се формира „балон“, во стилот на УС Опен и Ролан Гарос.

Тоа ќе им овозможи на сите учесници да бидат дел од првиот сезонски Грен слем без да заминат на карантин од две недели. Организаторите исто така веруваат дека натпреварите ќе се одржат во планираниот термин од 18 до 31 јануари.

Роџер Федерер и Серена Вилијамс пред неколку дена го потврдија своето учество на турнирот. Меѓутоа прашање е дали и останатите нема да имаат проблем со овие ограничувања во Мелбурн.

Титулите од минатата сезона ги бранат Новак Ѓоковиќ во машка и Наоми Осака во женска конкуренција.