Операцијата е минато: Надал им се врати на тренинзите

Некогаш најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал, започна да тренира по операцијата на стапалото. Шпанецот, кој не е надвор од терените од почетокот на август, започна со полесни тренинзи во својата академија во Мајорка.

Еден од најтрофејните тенисери во историјата беше опериран пред еден месец, но очигледно проблемите со повредата се минато за него и почна да се подготвува за враќање не АТП-турот.

Надал тренираше под будното око на неговиот тренер Карлос Моја, но неговото враќање на тренинзите не значи дека за краток период одново ќе го видиме на терените.

Уште од поодамна објави дека нема да игра до крајот на сезоната, а тоа значи дека сите мисли ќе ги насочи кон подготовка на следната сезона, односно за Грен слем турнирот во Мелбурн.