„Плачев како мало дете кога Ѓоковиќ го освои олимпиското злато“
Поранешниот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро, во разговор со шпанските медиуми изјави дека бил екстремно задоволен кога Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри и откри дека за првпат во животот плачел од среќа.