Швајцарската тенисерка, Белинда Бенчиќ, си обезбеди сигурен медал од Олимписките игри во Токио, откако ја победи Елена Рибакина во полуфиналето со 2-1. Така, 25-годишната Бенчиќ со сигурност ќе добие барем сребрен медал од финалниот натпревар, а за ривалка ќе ја има подобрата од пресметката на Свитолина и Вондрусова.