Олимписката шампионка Џенг донираше пари за жртвите во Тибет и Непал

Олимписката шампионка во тенис, Кинезинката Кинвен Женг, донираше еден милион кинески јуани, односно околу 128.000 евра, за помош на луѓето погодени од големите поплави и свлечишта во областа меѓу Тибет и Непал.

23-годишната тенисерка, која е една од најголемите спортски ѕвезди во Кина, средствата ги намени за итна помош, привремено сместување и обнова на погодените подрачја. Женг и претходно покажала солидарност во слични ситуации, бидејќи донираше приближно иста сума по разорниот земјотрес во Тибет минатата година.

Кинеската федерација на добротворни организации соопшти дека тенисерката внимателно ќе ја следи ситуацијата и напорите за спасување. Во катастрофата досега се потврдени повеќе од 900 жртви, а над 4.500 луѓе и натаму се водат како исчезнати.

Женг, која го освои златниот медал во женскиот сингл на Олимписките игри во Париз во 2024 година, моментално настапува на УС Опен во Њујорк.