ОФИЦИЈАЛНО: Ѓоковиќ и Баутиста први на терен, а потоа полуфиналното „Ел Класико“

Новак Ѓоковиќ Баутиста

Утрешниот ден ќе биде вистински празник за љубителите на тенисот. На програмата на Вимблдон се полуфиналните мечеви во машка конкуренција.

Вечерва се потврдени официјалните термини на одигрување на мечевите. Први на централниот терен ќе излезат Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста-Агут. Дуелот е закажан за 14:00 часот и на истиот голем фаворит ќе биде српскиот тенисер и бранител на титулата од минатата сезона.

Веднаш потоа следува спектаклот меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер. Великаните на белиот спорт ќе го одиграат јубилејниот 40-ти меѓусебен меч. Шпанецот има предност од 24 победи, наспроти оние 15 на швајцарскиот ас и осумкратен шампион во Лондон.

Ден потоа ќе се одигра женското финале во кое Серена Вилијамс ќе игра против Симона Халеп и ќе има можност да ги израмни некогаш недостижните 24 Грен слем титули на Маргарет Корт.