Одржувањето на Австралија опен под знак прашалник поради одлука на Владата

Владата во Австралија продолжи со строгите протоколи за справување со коронавирусот. Последната одлука гласи дека странски државјани нема да имаат дозвола за влез во земјата до почетокот на новата година.

Дури и на 1 јануари, учесниците на Австралија опен ќе мора да поминат многу тестови, за да бидат дел од турнирот во Мелбурн. 

Ваквата одлука го загрозува одржувањето на првиот сезонски Грен слем турнир. Натпреварите се закажани за 18-31 јануари, а многу е очигледно дека тенисерите и тенисерките нема да имаат можност да бидат дел од турнирите кои се најава за отвореното првенство во Австралија.

Фановите стравуваат и од најлошото, одновно целосно откажување на турнирот. За тоа ќе се одлучува во наредните недели, кога ќе дефиниран начинот на организација на натпреварите.