Од утре тенисот ќе има нова димензија! По 13 години АТП ранг-листата ќе претрпи големи промени

Утре ќе биде објавена новата ранг-листа на најдобри тенисери на светот, а таа ќе биде доста чудна. 

На некој начин оваа ранг-листа ќе биде и историска, бидејќи по цели 13 години во најдобрите пет тенисери нема да има место за Рафаел Надал и Роџер Федерер

Шпанецот веќе подолг период игра катастрофално, додека Швајцарецот подолго време е надвор од терените поради повреда на бутниот мускул. Поради овие причини Надал четвртата позиција ќе ја промени со шестата, а Федерер од утре ќе биди седми тенисер на светот. На првото место ќе остане Новак Ѓоковиќ, а веднаш зад него ќе бидат Енди Мареј и Стан Вавринка.