Очекувана вест: Ѓоковиќ ќе атакува на златото во Токио!

Новак Србија

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе се бори за златниот медал на Олимписките игри во Токио.

Амбицијата да биде најдобар на сите времиња го тера да атакува на успехот кој му недостига во неговата богата кариера. Негов највисок пласман е третото место на турнирот во 2008 година во Пекинг.

Првиот светски рекет ќе биде дел од српската тениска експедиција која ќе учествува на Олимписките игри. За него тоа ќе биде нова шанса за олимписко залто, а се очекува да има полесен пат, со оглед на отсуството на големиот ривал Рафаел Надал.

Нема да игра ниту Доминик Тием, а под знак прашалник е појавувањето на Роџер Федерер.