Очекувана одлука на Надал: Шпанецот нема да се појави во Квинс

Надал Квинс

По напорната сезона на земјена подлога, Рафаел Надал очекувано го откажа учеството на првиот турнир на трева, Квинс.

Како и минатата година, победникот на Ролан Гарос ќе дебитира на тревна подлога директно на третиот Грен слем турнир оваа сезона, Вимблдон.

„Би сакал да им се извинам на организаторите на турнирот и најмногу на фановите кои се надеваа дека ќе ме гледаат како играм, но зборував со моите доктори и морам да ги слушам нивните совети и она што моето тело ми го кажува“ , рече Шпанецот.

Подготовките за Вимблдон, првиот светски тенисер ќе ги прави во својата тениска академија на Мајорка.