• Саше Љолес

Најдобриот тенисер на светот, Карлос Алкараз, очекувано одлучи да не учествува на првиот турнир по освоениот трофеј во Мелбурн.
После победата на Австралија Опен, Шпанецот објави дека ќе го пропушти турнирот во Ротердам, кој се игра од 9 до 15 февруари. Алкараз ја брани титулата од минатата година, но изјави дека му е потребно време за одмор и рехабилитација.
Неговиот следен турнир ќе биде во Доха од 16 до 21 февруари. Во секој случај, шпанскиот тениски ас останува на првата позиција на АТП листата.
