Објавена ждрепката за Австралија опен: Кој има натежок пат до финалето - Ноле, Рафа или Роџер?

АО

Наредниот понеделник ќе започне првиот Грен слем турнир во новата сезона, Австралија опен. Денес беше одржана ждрепката која ја одреди тежината на патот на најдобрите тенисери до посакуваниот трофеј во Мелбурн.

Најголеми фаворити ќе бидат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и бранителот на титулата од минатата година, Роџер Федерер. Турнирот започнува на 14, а завршува на 28 јануари, кога е закажано големото финале на „Род Левер Арена“.

Кога ќе се погледне конкуренцијата на патот до завршниот меч, се чини дека српскиот тенисер го има најлесниот пат. До финалето, тој нема да се сретне ниту со Надал, ниту со Ѓоковиќ, а најсериозни противници би му биле Кеи Нишикори во четвртфиналето и Александар Зверев во полуфиналната фаза.

Што се однесува на Швајцарецот, тој ќе стартува против Истомин, а потоа би требало да се соочи со Монфилс, Циципас, Чилиќ, Надал и Ѓоковиќ.

Надал, пак, ќе тргне против домашнот тенисер Дакворт, а следуваат Ебден, Манур, Едмунд, Андерсон, Федерер, па на крај Ѓоковиќ.

Повратникот Енди Мареј ќе има тешка задача и во првото коло ќе се сретне со Роберто Баутиста-Агут кој игра во одлична форма на стартот од новата година.

Кај девојките, Симона Халеп во првото коло ќе игра против Шпанката Кала Канепи, Серена Вилијамс ќе се судри со Татјана Марија од Германија, а шампионката на УС Опен, Наоми Осака, ќе тргне против Магда Линет од Полска.