• Иван Димовски
Младата Викторија Мбоко ја забележа најголемата победа во својата тениска кариера, откако се пласира во второто коло на ВТА Мастерс турнирот во Мајами.
18-годишната Канаѓанка, која е рангирана на 162. позиција забележа победа над Камила Осорио, 54. тенисерка на светот. Мбоко го доби мечот по два часа и 34 минути со 2-1. Првиот сет тенисерката од Канада го доби со 7-5, а потоа Колумбијката со ист резултат израмни (7-5).
Во решавачкиот сет Мбоко успеа да одземе три противнички сервиси, а Осорио направи само еден брејк. На крајот Канаѓанката со 6-3 стигна до победа и пласман понатаму. Во следното коло Мбоко оди на мегдан со десеттата носителка Паула Бадоса.
Покрај неа, во второто коло се пласираа Ема Радукану, Вероника Кудерметова, Бернарда Пера, Ана Блинкова, Кимберли Бирел, Викторија Азаренка, Белинда Бенчиќ...