Нови лоши вести од турнирот на Ноле: Троицки е позитивен на ковид-19

Српскиот тенисер Виктор Троицки потврди дека е позитивен на коронавирусот. „Адрија Тур“ во Задар беше прекинат поради позитивниот тест на Григор Димитров, за потоа да се покаже дека и Борна Чориќ е заразен на вирусот. 

Сите присутни и оние кои биле во близок контакт ќе мора да бидат во самоизолација и беа тестирани за вирусот. Искусниот тенисер, за српски „Телеграф“ потврди дека бил позитивен со сопругата. 

„Точно е дека јас и мојата сопруга сме позитивни. Таа беше тестирана во петокот, а јас и ќерка ми во неделата откако дознавме дека Александра е заразена. Ќерката е негативна, а јас и сопругата сме заразени“, изјави Троицки. 

34-годишникот беше дел од егзибицискиот турнир во Белград, а требаше да настапи и на натпреварувањето кое го организира Јанко Типсаревиќ, но поради тестот е приморан да го откаже својот настап.