ВИДЕО: Новак прсна во смеа само што го слушна гласот на италијанскиот новинар

Новак Ѓоковиќ

Србинот Новак Ѓоковиќ е во одлично расположение во пресрет на настапот на Мастерс турнирот во Монте Карло.

На прес-конференцијата тој зборуваше за своите шанси на турнирот, фаворитите за трофејот, а успеа и слатко да се насмее кога прашање му постави италијанскиот новинар со кого имаше интересен момент во Мелбурн.

Како и на Австралија опен, првиот светски рекет не можеше да се воздржи и да го слушне целото прашање, па прсна во смеа само што го слушна гласот на Италијанецот.

Ѓоковиќ нема да брани голем број на поени на турнирите на земја, а ќе се обиде да стави крај на доминацијата на Рафаел Надал кој владее во последната декада.