Новак прочита текст од својот тренер, па го прекина тренингот по само половина час!

Неизвесноста дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен останува. Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук и натаму не донел конечна одлука околу престојот на српскиот тенисер во Мелбурн.

Германски „Билд“ соопшти дека последниот тренинг на бранителот на титулата на првиот сезонски Грен слем турнир беше прекинат по половина час игра. Пишувањата се дека Марко Паничи, кондициониот тренер, му покажал некаков текст, па тоа означило крај на тренинг сесијата.

Според сознанијата на германскиот медиум тренингот бил закажан да трае два часа. Меѓутоа од непознати причини не бил комплетиран.

Организаторите на турнирот ја објавија ждрепката. Ѓоковиќ го дозна првиот противник, ако добие шанса да се појави на терените, а тоа е неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.