• Иван Димовски

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ остана без медал во сингл конкуренцијата на тенискиот турнир во рамките на Олимписките игри. Откако вчера загуби од Зверев, денес не успеа да го победи ниту Карено-Буста во „малото финале“.
Ѓоковиќ делуваше индиспонирано, ривалите го надиграа и тоа предизвика фрустрација кај него. Како многу пати во минатото, Ноле пак „полуде“ и имаше свои минути кога својот бес го одрази врз рекетите. Србинот прво фрли рекет на празните трибини, а подоцна искрши рекет од мрежата, за што доби предупредување.
- „Лудувањето“ на Новак во Токио:
Многу веројатно Ѓоковиќ ќе се врати од Токио без ниту еден медал, што ќе биде неуспех во оваа неверојатна сезона.