• Иван Димовски
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен се судри со Стефанос Циципас. Најтрофејниот тенисер во историјата на турнирот покажа дека е во неверојатна форма во Мелбурн.
Иако во финалето константно водеше, Ѓоковиќ влезе во еден нервозен период во вториот сет. Причината за тоа беше однесувањето на публиката, која го свиркаше и му пречеше во обид да го промени текот на мечот. По освојувањето на еден од клучните гемови, српскиот тенисер одговори со сочни пцовки, кои веројатно беа насочени кон „хејтерите“.
Инаку, Ѓоковиќ досега немал проблеми со публиката во Мелбурн, напротив тој секогаш бил миленик. Сепак, оваа година со настапот на Циципас во финалето, ситуацијата е поинаква и може да се каже дека силите на трибините се израмнети.