Новак на четири недели од рекордот на Конорс, без промени на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ АТП

Србинот Новак Ѓоковиќ остана неприкосновен на АТП листата и се доближи на четири недели од рекордот на Џими Конорс.

Зад него останаа вечните ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер, а нема промени меѓу првите седум на ранкингот. Качанов, Медведев и Фоњини ги заменија местата и ја комплетираа Топ 10 листата.

По титулата во Умаг, голем скок направи српскиот тенисер Душан Лајовиќ кој сега стои на 26. позиција. 

Ешли Барти го задржа првото место кај тенисерките пред Наоми Осака, Каролина Плишкова и новата шампионка на Вимблдон, Симона Халеп.