ВИДЕО: Новак исвиркан на „Род Леjвер Арена“, Зверев застана во негова одбрана

Новак Ѓоковиќ беше испратен од „Род Леjвер Арена“ со свирежи, откако го предаде полуфиналето на Австралија Опен. Седмиот тенисер во светот го загуби првиот сет по тај-брејк во дуелот со Александар Зверев по нешто повеќе од 80 минути, по што реши да му го предаде мечот на Германецот.

Тоа не им се допадна на мал дел од фановите на трибините, очигледно незадоволни што платиле билет и наместо најавениот маратон, добиле само нешто повеќе од еден час програма.

Зверев застана во одбрана на Ѓоковиќ заради свирежите:

„Не почитувам никого повеќе од Новак. Не смеете да исвиркате некого како Ѓоковиќ“, порача Германецот.

Српскиот тенисер ги слушна свирежите од трибините и ги поздрави оние кои ги упатија кога си замина.