• Горан Упале

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднел документација и побарал специјална дозвола за влез во Соединетите Американски Држави.
Оваа информација во интервју за „Танјуг“ ја пренесе неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ.
„Тоа е нешто што за жал не е во наши раце. Новак мора да добие посебна дозвола, со оглед на тоа што Соединетите Американски Држави сè уште не дозволуваат влез на невакцинирани луѓе, што е едноставно неверојатно затоа што целиот свет е отворен и спортски настани и веќе се одржуваат со вакцинирани и невакцинирани спортисти“, рече Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Новак ја достави целата потребна документација, апликација, а директорите на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами јавно изразија желба дека го посакуваат на нивните турнири.