• Иван Димовски
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби специјална покана за настап на АТП турнирот во Женева од серијата 250, кој се игра неделата пред Ролан Гарос – од 17 до 24 мај. Ѓоковиќ ја прифати поканата и ќе се бори за својата јубилејна, стота титула во кариерата.
Минатата година Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во швајцарскиот град, каде изненадувачки беше елиминиран од Чешкиот тенисер Томаш Махач. Сега, со нова мотивација и пред настапот во Париз, ќе се обиде да стигне до трофејот што му недостига.
Конкуренцијата нема да биде лесна – меѓу главните предизвикувачи ќе бидат Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров и уште неколку реномирани имиња.
Женева ќе биде уште една станица на патот на Новак кон нови рекорди, а сите очи ќе бидат вперени во него во обидот да испише нова историја.