• Мартин Танасковски

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на АТП турнирот во Атина, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето по триумфот над Алехандро Табило со 2-0 (7-6, 6-1). Ова беше првпат во кариерата најдобриот српски тенисер да го совлада Чилеанецот, кој претходно двапати излегуваше како победник во нивните меѓусебни дуели.
Ѓоковиќ, кој беше ослободен од настап во првото коло како прв носител, имаше тежок влез во мечот. Иако на самиот почеток создаде две брејк шанси, не успеа да ги искористи, а Табило покажа цврстина и агресивен стил на игра. Првиот сет се разви во изедначена битка која заврши со тај-брејк, каде што искусниот Србин ги покажа своето смиреност и искуство, добивајќи го со 7-3.
Откако го скрши отпорот на противникот, Ѓоковиќ целосно ја презеде контролата во вториот сет. Со прецизен сервис и одлична игра на ритерн, тој двапати го одзеде сервисот на Чилеанецот и без поголеми потешкотии го доби сетот со 6-1, за конечна победа во два сета по нешто повеќе од еден час игра.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири, каде што повторно ќе биде изразен фаворит за место во полуфиналето.
