• Горан Упале

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер во историјата, се пласира во полуфиналето на третиот овосезонски Грен слем, Вимблдон.
Српскиот ас, денес требаше да се сретне со Алекс де Минор, во рамки од четвртфиналето, но без борба патува меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот. Алекс де Минор, кој се пожали на повреда на зглобот по победата во претходното коло, реши да го предаде мечот против српскиот ас без да излезе на теренот.
Српскиот ас во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.