Нова можност за фановите да ги гледаат легендарните сестри Вилијамс!

Љубителите на тенисот повторно ќе имаат можност да ги гледаат Серена и Венус Вилијамс на ист терен. Американските легенди добија специјална покана за настап во конкуренција на двојки на турнирот во Синсинати.

Ова ќе биде нивно прво заедничко појавување во дубл по УС Опен 2022, откако планираниот настап на Вимблдон не се реализира поради повредата на коленото на Серена.

Турнирот во Синсинати, кој ќе се одржи од 11 до 23 август, би можел да биде подготовка за евентуалното враќање на Серена и во сингл конкуренција на претстојниот УС Опен.

Серена, која има 23 Грен слем титули во сингл конкуренција, (на само еден трофеј од рекордните 24), додека заедно со Винус имаат освоено 14 Грен слем титули во двојки и три олимписки златни медали.

Покрај настапот во двојки, Венус Вилијамс доби специјална покана и за главниот турнир во сингл конкуренција.