Нов трофеј за Ѓорческа во двојки, триумфира на силниот турнир во Хехинген!

Лина Ѓорческа

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов голем успех оваа сезона и се закити со уште еден трофеј во игра на двојки. 

Тетовчанката заедно со својата партнерка Кристина Дину од Романија одиграа фантастичен турнир во Хехинген, Германија, кој го крунисаа со тежок триумф во финалето.

Пред Лина и Дину падна српско-шпанската двојка Олга Даниловиќ и Георгина Гарсија Лопез и тоа во три сета со 4-6, 7-5, 10-7. Турнирот во Хехинген се играше на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.