Нов скок на Стоилковска на ВТА листата

Втора недела во низа Магдалена Стоилковска има подобар пласман. На денешното рангирање има и два поена повеќе и со вкупно 8 поени се наоѓа на 1244.то место или тоа значи скок од 68 позиции. Со скокот од 33 позиции од преходната недела Стоилковска на последните две рангирања има подобрувања за 101. позиција.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак има скок од осум места и сега се наоѓа на 218.то место. Има три поени повеќе во однос на претходната недела или 335.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е во ТОП 300 и се наоѓа на 299. место со 256 поени, подобар пласман за четири места од претходната недела, додека откако забележа поени на три турнири во конкуренција на двојки Стоилковска доби право да биде рангирана и со 6 поени се наоѓа на 1.474 место.