Нов скандал на Медведев: Комплетно „полуде“ и го искрши рекетот на парчиња! (ВИДЕО)

Данил Медведев има сезона за заборав, а тоа се потврди и со раната елиминација на УС Опен, каде беше поразен во првото коло од Французинот Бенџамин Бонзи. 

Ривалот на Медведев славеше со 3-2 во сетови, а Медведев во еден момент жестоко се расправаше со судијата, по што реши комплетно да го искрши својот рекет. 

Претходно имаше и ситуација кога еден фотограф за момент го прекина мечот поради влетување на теренот, а Медведев целосно ги загуби нервите и уште еднаш покажа како не треба да се однесуваат тенисерите, особено на најпрестижните светски турнири.