• Саше Љолес
Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналната фаза ја елиминираше светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, со 2-0, по сетоби 6-2, 7-6.
Осака доминираше во првиот сет, кој го доби со два брејка во своја полза, додека во вториот двете тенисерки беа сигурни на свој сервис. Победникот беше решен во тај-брејкот, каде што Јапонката беше поуспешна и го завери пласманот меѓу осумте најдобри.
Во четвртфиналето, Осака ќе се соочи со Каролина Мухова, која ја совлада Барбора Крејчикова во три сета. Победата на Осака претставува едно од поголемите изненадувања на „Ол Ингланд клубот“.








