Нов проблем за Ѓоковиќ, можеби нема да игра ниту на УС Опен

Новак Ѓоковиќ би можел одново да се соочи со проблеми поради фактот дека не е вакциниран против коронавирусот. Иако пандемијата падна во втор план во светот, во голем број земји и натаму важат протоколи и потребни се сертификати за вакцинација. 

Меѓу нив се и Соединетите Американски Држави. Во Њујорк во септември треба да се одржи последниот сезонски Грен слем, УС Опен. Според сегашните протоколи, Ѓоковиќ одново нема да има право на влез во земјата, како што тоа беше случај и во Австралија. Србинот тогаш мина низ цел судски процес, за на крајот да му биде одземена визата и да не игра на Австралија Опен. 

Според најавите од угледниот „Њујорк Тајмс“, челниците на тенискиот сојуз во Сoединетите Американски Држави нема да бараат исклучок за Ѓоковиќ од властите. Тоа значи дека во моментов третиот светски рекет нема да може да влезе во земјата, а така ниту да се бори за трофејот на овој турнир. Доколку не дојде до големи промени во протоколите на Соединетите Американски Држави, Ѓоковиќ ќе остане без можност да ги брани 1.200. бода од минатата година, со што би продолжил неговиот пад на АТП ранкингот. 

Србинот го загуби врвот од Медведев и Зверев, на Вимблдон губи уште 2.000 бодови и би можел да падне многу ниско. На престижниот турнир во Лондон оваа година нема да се делат АТП поени поради одлуката за исфрлање на руските и белоруските тенисери.