• Саше Љолес
Белорусинката Арина Сабаленка доживеа непријатна елиминација во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако загуби од Дијана Шнајдер со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 0-6).
Сабаленка одлично го започна мечот, го доби првиот сет во своја полза, но потоа следуваше сериозен пад во играта, а Шнајдер максимално го искористи моментот, прикажувајќи целосна доминација во третиот сет. Белиорусинката сервираше за победа во десеттиот гем на вториот сет, но целосно „потона“, физички и емотивна „падна“ и го загуби вториот и третиот сет.
Мечот траеше два часа и 16 минути, а Шнајдер ја оствари една од најголемите победи во кариерата и ќе игра натпревар за пласман во големото финале на францускиот Грен-Слем.
Во полуфиналето, противничка на Шнајдер ќе ѝ биде Полјачката Маја Хвалинска, која претходно беше подобра од Русинката Ана Калинскаја.




