Носкова до успех на кариерата, закажа полуфинале со Костјук на Вимблдон

Линда Носкова го оствари најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите, откако се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Чешката тенисерка, која моментно е 12. на ВТА листата, во четвртфиналето ја совлада Елис Мертенс со 6-3, 7-5 по еден час и 46 минути игра.

За Носкова ова е чекор напред во однос на нејзиниот досегашен најдобар Грен слем резултат, бидејќи пред две години стигна до четвртфиналето на Австралија Опен.

Во полуфиналето ќе игра против Марта Костјук, која претходно беше подобра од Јасмин Паолини со 6-3, 6-3. Украинката изненадувачки лесно се справи со Италијанката, добивајќи го мечот за час и девет минути. 

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Каролина Мухова и Коко Гоф, а финалистките ќе бидат познати во петок.