Нори и Басилашвили ќе се борат за титулата во Индијан Велс

Камерон

Финалните места на овогодишниот турнир во Индијан Велс ги пополнија Камерон Нори од Велика Британија и Николоз Басилашвили од Грузија.

Британецот беше подобар од бугарскиот ас Григор Димитров и тоа во два сета (6-2, 6-4). Тој сервираше беспрекорно и не му даде никаква шанса на противникот, особено во вториот дел. Бугаринот се обиде да направи кам-бек, но грешеше кога беше најпотребно и не успеа да направи ниту еден брејк во вториот сет.

Авантурата на Тејлор Фриц заврши во полуфиналето. Таму загуби од Басилашвили (7-6/5, 6-3), кој беше подобар во тај-брејкот во првиот сет, а потоа на убедлив начин го запечати пласманот во големото финале.

И двајцата финалисти ќе играат за првата Мастерс титула во кариерата. Никој не очекуваше пред почетокот на турнирот тие да играат за трофејот на турнирот во Калифорнија.