Нори беше лесен тренинг за Надал, победа со мали проблеми за Швјонтек

Надал

Рафаел Надал очекувано немаше проблеми против Камерон Нори (6-3, 6-3, 6-3), на патот до осминафиналната фаза на Ролан Гарос.

Британецот немаше доволно оружја за да направи изненадување против бранителот на титулата. Се закани само во вториот сет, кога успеа да направи два брејка, меѓутоа Шпанецот одговори во свој стил и продолжи да игра без загубен сет во Париз.

Место меѓу најдобрите 16 обезбедија Јаник Синер (следниот противник на Надал) и Јан-Ленард Штурф, а вечерва истото ќе се обиде да го направи и Роџер Федерер.

Ига Швјонтек имаше проблеми во првиот сет, но успеа да ја елиминира Анет Контавеит (7-6/4, 0-6). Изненадувањето од ланската сезона и оваа година е една од најголемите фаворитки за највисок пласман.