Ноле победи, па прослави во свој стил викајќи кон публиката: „Што се случи!?“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, каде што ќе се сретне со лутиот ривал Рафаел Надал

Во мечот против Италијанецот, српскиот тенисер мораше да игра три ипол часа за да победи со 3-1, а по последниот поен со кој го направи клучниот „брејк“, Новак прослави во свој стил. Србинот викаше кон публиката во знак на прослава и одново го привлече вниманието на јавноста. 

  • Видео од последниот поен и реакцијата на Ноле:

Ѓоковиќ фигурира како прв носител на турнирот во Париз, но во полуфиналето ќе го има најголемиот испит. „Кралот“ на Ролан Гарос со сигурност нема лесно да се предаде, па така утре нè очекува вистински спектакл во мечот на Новак и Рафа...