Ноле останал без австралиската виза поради антиваксерите!

Правната борба на Новак Ѓоковиќ со Австралија продолжува. Министерот за имиграција, Алекс Хоук, му ја укина визата и неговиот настап на Австралијан Опен повторно е доведен под знак прашалник.

Правниот тим на Ѓоковиќ веќе ги има аргументите за одбрана. Еден од бранителите на Србинот, Николас Вуд, ја кажа причината зошто министерот решил да повлече ваков радикален потег.

„Министерот има ирационален страв. Се плаши дека ако Новак остане и ако игра дека со тоа ќе ги стави антиваксерите во добра позиција, односно дека таа популација ќе добие на поени“, изјави Вуд.

Според новиот договор, Ѓоковиќ нема да биде во притвор и вечерва ќе има разговор со властите. Депортацијата е одложена, се додека не се донесе конечната одлука.