Ѓоковиќ: Можеби е коинциденција што „23-ката“ ја освоив на најтешкиот турнир!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана најголем во историјата на „белиот спорт“ со 23-от Грен Слем титула во кариерата. Го покори Ролан Гарос со победа над Каспер Руд, а по мечот не ги криеше емоциите.

„Ви благодарам на сите. Прекрасна атмосфера. Ова беше неверојатен момент во мојата кариера. Еден од најголемите, поради 23-тата титула. Можеби е коинциденција што до неа дојдов баш тука. Овој турнир е најтежок за мене, затоа толку многу ми значи. Многу работи се случија на теренот и надвор од него. Ви благодарам на сите што дојдовте во овој посебен момент за тенисот“, изјави Ѓоковиќ.

Зад српскиот тенисер остана Рафаел Надал со 22 освоени Грен Слем титули, додека третото место е за Роџер Федерер кој е во пензија и има 20 Грен Слем титули.