Ноле додаде ново парче во колекцијата, третпат го грабна трофејот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одлично финале на мастерс-турнирот во Мадрид и во финалето славеше над Стефанос Циципас со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Ноле покажа дека е во одлична форма на земјена подлога, податок кој радува пред настапите на Ролан Гарос во Франција. Победата за српскиот ас ја донесоа два брејка, по еден во првиот и еден во вториот сет.

  • Поен на мечот: 

Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк за 2-0, а потоа со добар сервис ја задржа позитивата, додека во вториот, следеше брејк за 5-4 преку првата брејк-топка, а потоа на свој сервис, иако пропушти четири меч-топки, сепак, успеа да запише победа.

За Ѓоковиќ ова е трет трофеј на турнирот во Мадрид во третото финале. Претходно, тој го освојуваше овој турнир во 2011 и 2016 година.