Ниту Ѓоковиќ, ниту Алкараз – Синер е единствен на светот оваа сезона

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е единствениот кој годинава стигна до четвртфиналето на сите Грен слем турнири.

Синер тој успех го потврди на УС Опен, каде преку Томи Пол го потврди учеството меѓу најдобрите четворица. Претходно ја освои титулата на Австралија Опен, играше во полуфиналето на Ролан Гарос (пораз од Алкараз), а на Вимблдон во четвртфиналето (пораз од Медведев).

Од најдобрите тројца оваа сезона Ѓоковиќ не успеа да се пласира само во четвртфиналето на УС Опен, бидејќи во третото коло загуби од Попирин. На Австралија опен играше полуфинале (Синер), на Ролан Гарос поради повреда го загуби четвртфиналето од Рудо, а на Вимблдон мечот за титулата го загуби од Алкараз.

Што се однесува за Алкараз, и за него турнирот во Њујорк беше кобен. Шпанецот играше во четвртфиналето (Зверев) во Мелбурн, ги освои титулите на Ролан Гарос и Вимблдон, а беше елиминиран од Ботик ван де Зандшулп во второто коло на УС Опен.

Покрај тоа, Синер стигна до најмалку четвртфиналето на секој од единаесетте турнири на кои учествуваше во 2024 година.