Ништо од спектакл со Надал: Тием го надигра Ѓоковиќ во клучниот сет и ќе игра финале на РГ

Доминик Тием ќе го предизвика Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос. Најдобриот австриски тенисер на денешницата повторно се издигна на врвот, откако успеа да слави на дводневниот маратон против големиот фаворит Новак Ѓоковиќ, 3-2.

Поради лошите временски услови во текот на вчерашниот ден второто полуфинале на Ролан Гарос стана епско. Вчера, Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием одиграа два сета, по еден заврши на контото на двајцата тенисери, а денешното продолжение, иако имаше нов прекин, беше вистински тениски спектакл. 

  • Извештај од мечот:

25-годишниот Австриец подобро го започне продолжението и со еден брејк стигна до ново водство во сетови од 2-1 (7-5). Сепак, првиот рекет на светот како и вчера експресно се врати во игра и донесе ново израмнување.

Со идентични 7-5 Ноле обезбеди одлучувачки сет во кој беше тотално надигран, но имаше среќа затоа што пак завладеа дождот над Париз па имаше нов прекин. Дотогаш,Тием играше перфектно, имаше водство до 4-1 во гемови и 40-40 на сервис на Србинот. Тенисерите, по еден час пауза го продолжија мечот, и Ноле заигра подобро и израмни на 5-5. Но, мотивираниот Тием не дозволи пресврт и со брејк во 12-от гем се избори за големо финале со Рафаел Надал.

Големото финале на машкиот дел од Ролан Гарос се игра утре од 15:00 часот, а попладнево за половина час се очекува да започне женското финале меѓу Барти и Вондроусова.