• Мартин Танасковски
Првиот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, е вториот финалист на Грен Слем турнирот Ролан Гарос кој на земјена подлога се игра во Париз, Франција!
Синер во полуфиналето во тениски класик го елиминира Новак Ѓоковиќ, кого го доби со 3-0 во сетови (6-4, 7-5, 7-6/3). Мечот траеше повеќе од три часа, а најголемата борба ја видовме во последниот сет.
Ѓоковиќ имаше доста проблеми на оваа средба, во неколку наврати се пожали на повреда, а влезе и во конфликт со судиите на мечот. Синер успеа во намерата, го исфрли најтрофејниот тенисер, па се пласира во мечот за трофејот.
Италијанецот за Грен Слем титулата во Париз ќе игра со Карлос Алкараз.
ФОТО: ROLAND-GARROS / Facebook