• Горан Упале
По две последователни титули на Мастерсот во Индијан Велс, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше запрен во својата потрага по „хет-трик“. Светскиот рекет број три рано утринава во полуфиналето беше поразен од Британецот Џек Дрејпер, со 2-1, по сетови 6-1, 0-6 и 6-4.
Последниот тенисер кој го победи Алкараз на Индијан Велс пред Дрејпер беше Рафаел Надал во 2022 година, а освен тие двајца, само Енди Мареј успеа да го совлада на овој турнир.
Британецот и Шпанецот одиграа чуден меч, во првиот и вториот сет и двата беа повеќе од доминантни, а во третиот Дрејпер имаше повеќе сила и нерви, па се пласира во финалето каде ќе се бори за својата прва титула во кариерата од АТП Мастерс 1.000 серијата.
Негов ривал ќе биде Данецот Холгер Руне, кој претходно со 2-0 во сетови го совлада Русинот Данил Медведев.