Нишикори: Подготвувам нова тактика за Ѓоковиќ

Најдобриот јапонски тенисер, Кеи Нишикори имаше бројни проблеми со повредите во последниот период. Поради операцијата на лактот надвор од терените беше од октомври минатата година, а сега, иако е подготвен за настап, не може да игра заради пандемијата со коронавирус. 

Затоа, своето слободно време го искористи за анализа на негови натпревари од минатото, а посебно против Новак Ѓоковиќ против кого има негативен скор од 16 порази и само две победи.

„Долго време ги анализирав тие натпревари. Ѓоковиќ како да играше најдобро во најважните моменти. Тогаш ретко греши, но сега во главата имам нова тактика која во иднина ќе ја применам против него“, рече Јапонецот. 

Нишикори своевремено беше четврти рекет на светот, а својот најголем успех го имаше во 2014 година, кога го загуби финалето на УС Опен од Марин Чилиќ.