Ник Кирјиос доби тужба од жената која го „вознемируваше“ во финалето на Вимблдон

Ник

Ник Кирјиос не беше задоволен од однесувањето на една навивачка за време на финалето на Вимблдон. Тој побара од судијата да ја отстрани од трбините, бидејќи нејзините реакции му сметаа при играта против Новак Ѓоковиќ.

Овој потег на австралискиот тенисер му донесе тужба за клевета. Во изјавата објавена од адвокатите, Ана Палус напиша дека ќе го тужи за „непромислено и целосно неосновано обвинение против мене“.

Потоа во објавата се вели: „Лажните наводи на г-дин Кирjиос беа видени или прочитани од милиони луѓе ширум светот, што на мене и на моето семејство предизвика значителна штета“. Таа сака евентуалниот надомест да го донира во добротворни цели.

Австралиецот го загуби своето прво Грен слем финале, иако добро започна и го освои првиот сет. На крај мораше да му пушти рака на подобриот ривал од Србија.