• Горан Упале
Ига Швјонтек се пласира во уште едно Грен слем финале, откако без многу проблеми и во двата сета ја совлада Беатриз Хадад Маиа и така в сабота ќе игра меч за титулата на Ролан Гарос.
Мечот меѓу првата тенисерка на светот и изненадувањето од Бразил траеше два часа и десет минути. Полската тенисерка одигра доминантно во првиот сет и со три брејка се избори за 6-2 и водство во сетови.
Во вториот пак Хадид Маиа го најде рецептот за фаворизираниот противник и на централниот терен во Париз се водеше голема битка. Двете тенисерки не попуштаа, па сетот влезе во тај-брејк, во кој Швјонтек покажа квалитет и со 9-7 си обезбеди ново Грен слем финале.
Претходно во текот на денот Каролина Мухова приреди големо изненадување во првото полуфинале, откако ја совлада Арина Сабаленка со 7-6/5, 6-7/5, 7-5.