Невремето не дозволи Тием да го „дотолчи“ Ѓоковиќ, полуфиналето пак прекинато!

Откако вчера поради дождот и силниот ветер двајцата тенисери одбија да го продолжат својот меч, попладнево пак е прекинато второто полуфинале на Ролан Гарос меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием

Двајцата тенисери пред два часа повторно истрчаа на централниот терен во Париз, а на земјената подлога доминираше помладиот тенисер. Тием беше подобар во вториот сет и поведе со 2-1, но Ноле веднаш возврати и израмни на 2-2. 

Сепак, во одлучувачкиот сет, 25-годишниот Австриец играше брилијантно и го уништи големиот фаворит. Тием имаше водство од 4-1 во гемови и 40-40 на сервис на Ноле, но невремето во Париз не му дозволи да го „дотолчи“ првиот рекет на светот. 

По овосезонските големи проблеми со врнежите и ветрот дефинитивно на Ролан Гарос му е потребен затворен терен, идеја која се најавува подолго време и се очекува набргу да биде реализирана.