„Невозможно е да сте фан на Надал и Федерер и да го сакате Ѓоковиќ“

Францускиот тенисер Жереми Шарди смета дека е невозможно истовремено да се сакаат тројцата членови на „големата тројка“.

Шарди за „We love tennis“ зборуваше за ривалството меѓу шпанскиот и швајцарскиот тенисер на едната страна и Новак Ѓоковиќ од другата.

„Би рекол дека некој може да ги симпатизира Рафа и Роџер истовремено, но ако си фан на Новак Ѓоковиќ, тешко дека може да и сакаш Федерер и Надал. Овој факт не може да се промени никако. Тоа е ривалство како она на навивачите на ПСЖ и на Олимпик Марсеј. Невозможно е да се сакаат“, вели Шарди.

Фановите на Новак Ѓоковиќ сметаат дека првиот рекет на АТП нема ист третман кај фановите и јавноста како освојувачите на дваесет грен слем титули.